Вујовиќ: Најчесно би било да се одложи Европското првенство

Веселин Вујовиќ до неодамна беше тренер на РК Вардар/ Скопје, Македонија/29 септември/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

 И Олимписките игри беа одложени, а да се одложи еден натпревар во ракомет не би бил крај на светот, вели Вујо истакнувајќи ги проблемите со ковид-19

Познатиот ракометен стручњак, а до неодамна и тренер на РК Вардар, Веселин Вујовиќ, во интервју објавено во хрватското гласило индекс.хр изјави дека Европското првенство што моментно е во тек е нерагуларно, поради проблемите што многу репрезентации ги имаат со ковид-19.

– Треба да се биде реален и да се каже дека фаворит ќе биде тој што ќе има најмалку заразени. Данска, Норвешка и Шведска моментно играат ракомет што е далеку пред остатокот на Европа. Најчесно би било да се  одложи првенството. И Олимписките игри беа одложени, а да се одложи еден натпревар во ракомет не би бил крај на светот. Нема сериозни подготовки ни подготвителни мечеви, многу играчи се заразени, а особено ми пречи тоа ново правило само по пет дена карантин да може да се игра. Се сеќавам на поранешните совети на надлежните сите кои преболеле ковид-19 да не смеат барем еден месец да имаат физички напори – вели Вујовиќ прашувајќи се кој ќе биде одговорен ако некому нешто лошо му се случи.

– Кој играч може да игра по пет дена? Кој ќе биде одговорен ако се случи несреќа?Повреди сигурно ќе има, луѓето се неподготвени, уморни, болни. Сите селектори ќе имаат оправдување за евентуален лош резултат, тоа ќе биде ковид. Но ако си победник, ќе сториш се и во такви околности да оствариш добар резултат – вели Вујовиќ, кој дава и пример за апсурдна, но и можна хипотетичка ситуација.

– Еве една ситуација, сосема реална. Франција игра против Хрватска во полн состав, потоа и се заразуваат седуммина играчи и против Србија мора да игра некомплетна. Или обратно. Со самото тоа првенството не може да биде регуларно – завршува Вујовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот