Вујовиќ: Да го покажеме нашиот квалитет, заедно со навивачите да го победиме Кил

Тренерот на Вардар 1961, Веселин Вујовиќ смета дека треба да победуваме и кога не играме најдобро/Фото: Слободен печат

Ракометарите на Вардар 1961 се подготвуваат за новиот натпревар во Лигата на шампионите, в среда од 20.45 часот во СЦ „Јане Сандански“ гостува германскиот гигант Кил.

Мечот во Скопје ќе биде организиран согласно протоколот за работа и одржување натпревари усвоен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство на Република Северна Македонија. Истиот ќе биде со ограничено присуство на публика. Повеќе информации околу цените на влезниците можете да погледнете на следниот линк ТУКА

Своите очекувања околу претстојниот дуел ги споделија тренерот на „црвено-црните“, Веселин Вујовиќ:

– Кил доаѓа во Скопје некомплетен, но не треба на тоа да се фокусираме. Сакаме ривалот да дојде со сите играчи. Сакам да победиме и кога мојот тим не е во најдобра форма и не играме најдобро, а не само да се игра во моментите на инспирација, носени од публика.

Ние сме екипа направена пред стартот на сезоната, имаме 10 играчи и не е лесно да се вклопат коцките. Сигурен дека има уште многу простор да напредуваме. Иако се најавува дека Кил ќе дојде без Сагосен и Вајнхолд, и без нив може да триумфира против секого.

За нас е најважно да го покажеме квалитетот, ги повикувам навивачите да дојдат и се обидеме на крајот да го победиме Кил – изјави Вујовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот