8 C
Скопје

Вујовиќ: Само еден човек може да го спаси Вардар

Поранешниот тренер на Вардар и на македонската ракометна репрезентација, Веселин Вујовиќ, во подкастот за специјализираниот ракометен сајт „Балкан Хендбол“ открива дека повторно бил на чекор до камбек во Скопје и ја искористи можноста да ја искоментира состојбата во која се наоѓа Вардар.

Сергеј Самсоненко вложи многу пари, направи многу работи, тоа ќе остане засекогаш, но лошо е што истовремено покажа дека колку високо може да оди ракометот и ниско да падне во период од седум-осум години. Играчите се тука, сите се борат, но тоа нема уште долго да трае. Веќе ниту еден сериозен играч од Европа нема да дојде во Вардар. Пак ќе се врати времето кога јас бев тренер, ќе играат ракометари од Србија, Хрватска и Црна Гора, од некоја африканска земја. Ќе биде тоа тешко за публиката, затоа што сега ќе треба да се гледаат натпревари со екипи како Пелистер и Пролет, а претходно во салата ги гледале Барселона, Веспрем, Кил и други гиганти“, вели Вујовиќ.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Верона му „одзеде“ два бода на Јувентус

Славниот ракомет смета дека спасот на Вардар го гледа само во еден човек, поранешниот претседател, Михајло Михајловски.

„Вардар стана европски тим, освои две европски титули и ретко кој може да се пофали со тоа, а може да го снајде судбината на Кометал. Единствен човек кој би можел да го спаси Вардар во моментов е Михајло Михајловски. Прашање е колку е способен во моментов и колку ќе сака да се нафати на такво нешто“, додава миленикот на Комитите.

Поврзани вести

ВИДЕО: Јокиќ со „трипл-дабл“ ја разби Оклахома!

Слободен печат

Клоп замената за Вајналдум ја пронајде во Серија А

Слободен печат

ВИДЕО: Верона му „одзеде“ два бода на Јувентус

Слободен печат

Драма во Ријека: Домашните фудбалери со помош на полиција си заминаа од стадионот

Слободен печат

СЕХА Лига: Вардар без шанси против Мотор

Слободен печат

Астон Вила подобра од Лидс, Алиоски играше 40. минути

Слободен печат

Остави Коментар