Вујовиќ сака Алушевски да остане дел од стручниот штаб на Вардар

слободен печат

Новиот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ, изјави дека би сакал Стевче Алушовски кој ја преводеше екипата минатата сезона, да остане во клубот како негов помошник.

Вујовиќ на промоцијата како нов тренер на Вардар му упати отворена понуда за соработка на Алушовски.
– Алушовски заврши одлична работа сезонава. Јас сакам да остане дел од мојот тим за следната сезона. Сепак, неговата одлука ќе биде последна и јас ќе ја почитувам. Доколку најде друг ангажман и замине во друг тим јас тоа ќе го почитувам. Исто така можам да кажам дека Владо Недановски останува дел од тренерскиот тим на Вардар – вели Вујовиќ.

Вујовиќ: Македонија е моја втора татковина, Вардар ми е во срцето

Михајловски: Доколку не го презедов Вардар од Самсоненко, клубот ќе згаснеше

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот