Вујовиќ: Какви се тие глупости, сум барал пари од играчите?

фото:твитер

Славниот ракометар Веселин Вујовиќ поминува низ тежок период, претходно беше отпушен од словенечката ракометна федерација на нешто повеќе од еден месец пред стартот на ЕП.

Во сета оваа приказна се вмешува и контроверзниот тајмаут кој што го имаше Вујовиќ кога им „делеше“ совети на своите играчи на ППД Загреб.

Вујовиќ обожува да игра покер, но играше за забава. Секој кој што сакаше да игра со него мораше да плати 300 евра, вклучувајќи ги играчите кои беа омилени кај него, беа дел од обвинувањата кои ги пренесоа словенечките медиуми.

Веднаш реагираше екс тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ за хрватските медиуми.

– Бевме на патот за Сегед, каде што игравме натпревар во Лигата на шампионите, кога ме повика една новинарка од Србија и ми рече што напишале словенечките медиуми. Останав во шок, во Сегед играат четири словенечки играчи, веднаш ми дојде капитенот Јуре Доленец и ми рече дека словенечките играчи ќе се огласат околу сета оваа ситуација и ќе ја кажат својата страна на приказната со цел да ме заштитат – рече Вујовиќ за „Index.hr

– Замислете што ми напишале. Најпрвин дека со покер се опуштам, а потоа и дека сум барал пари од играчите да учествуваат во тие партии. Какви се тие глупости, дали гледате колку е тоа несериозно? Се опуштам, а потоа барам пари. Најмногу ме повредија што напишале дека на тренинзите сум понижувал и сум ги малтретирал играчите кои ме одбивале да учествуваат во тие партии покер. Може ли некој нормален да поверува во ова, во таква средина со таков начин на однесување. Ме радува тоа што после моето заминување, скоро цела словенечка јавноста застана на моја страна. На официјалната Фејсбук страница на Словенечката ракометна федерација од 500 коментари, 450 беа во моја корист – додаде Вујо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот