Вујо: Сакав Михајловски да се издејствува Вардар во СЕХА да има ист статус како и Веспрем

Веселин Вујовиќ ги повикува навивачите што побрзо да си обезбедат билети за новата сезона/Фото: Слободен печат

Целите на Вардар секогаш се највисоки иако екипата ќе игра на неколку фронтови, домашните натпреварувања, СЕХА лигата и Лигата на шампионите.
Очекувано, главен приоритет е пласман во завршницата на ЛШ, но не се занемаруваат и останатите натпреварувања каде се очекува борба за титулата.

Поради настапот на неколку фронта, Вардар ќе има пренатрпан распоред па поради тоа Вујовиќ се надеваше дека претседателот Михајловски ќе успее да издејствува идентичен статус за Вардар како тој што го има Веспрем во СЕХА лигата.

–  Сакав Михајловски да се избори Вардар да има статус каков што има Веспрем, односно да не игра во регуларниот дел од СЕХА лигата и да се вклучи во четвртфиналето.
Вардар ќе има пренатрпан распоред, не сакам луѓето да се заситат од нас. Мислам дека приоритет е ЛШ, сметаме дека во домашна лига можеме да играме со изменет состав. Во СЕХА Лигата ќе играме во зависност од противникот. Бидејќи ќе имаме многу натпревари, сите ракометари ќе добијат шанса – вели тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот