Веселин Вујовиќ наскоро може да ја напушти клупата на ракометната репрезентација на Словенија, пишува Екипа24. Според словенечкиот портал, постои можност Вујовиќ да добие отказ и пред стартот на Европското првенство иако минатата година потпиша нов договор со кој требаше да ја води репрезентацијата до Олимписките игри во Токио 2020 година.
Причина за ваквото размислување на челниците на Словенечкара федерација се серијата слаби резултати во последните две години, откако во 2017 година, Словенија го освои бронзениот медал на Светското првенство. Згора на тоа, популарниот Вујо мајсторе не е во добри односи со неколку клучни репрезентативци, и во јавноста се почесто во јавноста го изразува незадоволството од одредени ракометари.
Екипа24 шпекулира дека до крајот на годинава тој ќе ја напушти селекторската функција, а како главни фаворити за негови наследници се споменуваат Урош Зорман кој му е помошник во репрезентацијата и тренерот на Киелце, Талант Душебаев.
Видео на денот