Вујо Мајсторе без влакна на јазикот: Во фудбалот како да се перат пари

twitter.com/ehf_ec

Миленикот на Комитите и актуелен тренер ППД Загреб, Веселин Вујовиќ, смета дека намалувањето на платите на спортистите за време на кризата со коронавирусот е исправна одлука, но не порпушти да го искоментира случувањето во фудбалот и големите суми кои се вртат во него.

Се согласувамн дека треба да се намалкат платите, но не по секоја цена и на сите спортисти. Видете колку пари се вртат во некои спортови. На пример, Меси и Лука Циндриќ не можат да бидат казнети на идентичен начин бидејќи не е исто да се намали платата на некој кој заработува милиоини и некој со скромни примања – изјави Вујовиќ за медиумите во БиХ.

Поранешниот тренер на Вардар и селектор на македонската ракометна репрезентација смета дека не е се „чисто“ во фудбалот.

Работите одамна излегоа од контрола, слушам за суми од 100,200,300 милиони кои се споменуваат само за еден спортист. Тоа за мене и болна работа. Фудбалер за една сезона може да се обезбеди и себе си и своите наследници, а ние во малите спортови толкава сума нема да ја заработиме во желиот живот. Кога читам за ваквите луди трансфери во фудбалот секогаш помислувам дека тука „се перат“ пари – смета Вујовиќ кој исто така вели дека кризата ќе му помогне на ракометот.

По овој хаос, средните и финансиски стабилни екипи како Загреб може да имаат голема корист. Зашто Карачиќ и Циндриќ би играле во странство доколку можат за истите пари да играат во Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот