Вујо фасциниран: Знаеш дека е крај, 21 месец без плата…!

EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Тие се зборовите на легендарниот Веселин Вујовиќ во интервјуто за „oslobodjenje.ba“, говорејќи за ситуацијата околу „црвено-црните“, но и на репрезентативен план.

Најдобрата македонска сениорска машка ракометна репрезентација ги дозна противниците на наредното Европско првенство 2020 година.

Избраниците на селекторот Данило Брестовац се наоѓаат во групата Ц во Виена заедно со Чешка, Австрија и Украина.

Фото: РФМ

– Македонија имаше голема среќа и влезе во таа група. Македонците го поминаа тој период на подмладување. Знаеме сите и натаму Лазаров ја носи играта. Тука има ракометари кои одлично се вклопија како Талески, Кузмановски, Манасков, кои имаат добар рејтинг. – рече Вујовиќ.

Неговиот поранешен клуб Вардар по вторпат ја освои титулата во Лигата на шампионите. Се гледаше дека на Фајнал фор турнирот во Келн, Вардарци имаат најголем мотив.

– Може да се зборува само хипотетички. Навистина сум изненаден што може да се спореди во спортот. Еве на пример, Барселона е лидер во светскиот фудбал, а од друга страна слушаме приказни за тоа како играчи не примиле плата три, шест, па и 21 месец. Но, колку и да не примиле плата, да се направи таа хемија во екипата, играш знаејќи дека е крај, тоа е големо нешто, изненадувачки, но апсолутно заслужено. Тоа е нешто што го спаси ракометот во Македонија. Да не ја освоија титулата, кој знае како ќе беше. Се појавија нови спонзори, Владата реагира, значи има позитивни вести. Вардар е македонски бренд и заслужува да држи примат – додаде Вујовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот