Вујновиќ: Невнимателно користење антибиотици може да предизвика нова пандемија

Ðîññèÿ. Ìîñêâà. 24 ìàðòà 2017. Ïðåäñòàâèòåëü ÂÎÇ â Ðîññèè Ìåëèòà Âóéíîâè÷ âî âðåìÿ ïðåññ-êîíôåðåíöèè, ïîñâÿùåííîé Âñåìèðíîìó äíþ áîðüáû ñ òóáåðêóëåçîì. Ñòàíèñëàâ Êðàñèëüíèêîâ/ÒÀÑÑ

Невнимателното воведување антибиотици и антивирусни лекови поради пандемијата на коронавирусот може да доведе до нова пандемија, која може да биде уште полоша, изјави денеска претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) во Русија, Мелита Вујновиќ на прес-конференција, во пресрет на Светскиот ден на борбата против сидата.

– Тоа е многу важно прашање, антивирусни лекови и антибиотици. Ако не пиеме антибиотици внимателно, затоа што треба да ги користиме само кога лекарот ќе ги препише, додека сите лекари треба да бидат многу внимателни во проценката дали се потребни или не, можеме да се соочиме со уште полоша пандемија по коронавирусот, истакна Вујновиќ.

Таа додаде дека станува збор за пандемија на микроорганизми отпорни на антибиотици и антивирусни лекови.

Вујновиќ порача дека од витално значење е да се сфати дека коронавирусот ни даде поттик да ги преиспитаме нашите ставови за заразните болести.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот