Вујиќ: Лаикот по Право најде да толкува судска пресуда

Во сфера на патологија е коментирањето за судски одлуки од луѓе кој што не влегле во судница, кој што не знаат ни каде да седнат во судница, а уште помалку да толкуваат судска пракса, вели адвокатот Мирослав Вујиќ.

Освен членот 130 од Кривичниот законик постојат и во законикот се предвидени други 422 члена, од кој особено важни за познавањето на материјата се потребни првите 122 члена. Условите за одмерување на казната се предвидени токму во тие членови кој што очигледно Оливер Андонов или ги прескокнал или не ги знае. Ова за „Слободен печат“ го вели адвокатот Мирослав Вујиќ, бранител на Курто Дудуш, градоначалникот на општина Шуто Оризари чиј што клиент денеска од Кривичниот „заработи“ судска опомена. Токму за оваа пресуда, професорот Оливер Андонов од Воената академија, кој воедно не е правник, во изјава за порталот Курир тврди дека пресудата била „патолошки општествен феномен наречен владеење на СДС во Македонија“.

– Во сфера на патологија е коментирањето за судски одлуки од луѓе кој што не влегле во судница, кој што не знаат ни каде да седнат во судница, а уште помалку да толкуваат судска пракса. Политиката во овие предмети не се меша, ниту се мешала, особени во последните 2,5 години, а патолошки општествен феномен треба да се гледа низ призма на еднодневни излети на професори на министерски фотељи, а не во судската пракса или во владеењето на некоја политичка струкура – вели адвокатот Вујиќ.

Тој додава дека ниту прв пат, ниту последен ќе биде да се донесе ваква пресуда, особено не во состојба кога странките искажуваат добра воља за смирување и отворено си даваат меѓусебна поддршка, како што беше искажано и од страна на тужителот после главната расправа и објавувањето на пресудата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот