1 C
Скопје

Вухан: Тукушто родено бебе е заразено со коронавирус, не е познато дали му го пренела мајката

Кинеската агенција „Синхуа“ наведува дека бебето, тешко 3,25 килограми, е во стабилна состојба.

Кинеските медиуми објавија дека едно самошто родено бебе во кинески Вухан е заразено со коронавирус. Присуството на вирусот е утврдено само 30 часа откако бебето се родило, пренесе Би-Би-Си.

Станува збор за најмладото лице кое е заразено со коронавирус. Мајката била позитивна на вирусот пред породувањето.

Кинеската агенција „Синхуа“ наведува дека бебето, тешко 3,25 килограми, е во стабилна состојба.

По овој случај, се огласија и лекарите од детската болница во Вухан, наведувајќи дека постои можност трудницата која била заразена, новиот коронавирус да го пренела на своето дете.

Тестот на бебето бил направен 30 часа подоцна и потврдено е дека бебето е заразено, наведоа лекарите. Сепак, сите негови витални функции се стабилни, нема покачена телесна температура и нема кашлица, но има ограничувања во дишењето, истакнуваат лекарите.

Прочитајте и...  СДСМ: Зад бојкотот и саботажата на пописот стои Груевски, Мицкоски е само извршител

На рендгенската снимка е утврдено дека постојат знаци на инфекција, а забележани се и некои аномалии во функционирањето на црниот дроб.

Началникот на одделението за неонатална медицина во детската болница во Вухан, Зенг Лингконг, рече дека овој случај укажува оти треба да се обрне внимание на можното пренесување на коронавирусот од мајките на децата.

Од болницата исто така открија детали за друг случај, кој вклучува здраво родено бебе на 13 јануари. На нејзината дадилка подоцна ѝ е дијагностициран коронавирусот, а на мајката неколку дена подоцна.

Бебето започнало да покажува симптоми на 29 јануари.

Зенг рече дека лекарите во моментов не можат да утврдат дали дадилката ѝ го пренела вирусот на мајката, а мајката на бебето, но можат да потврдат дека бебето било во близок контакт со заразените што, како што наведе, исто така значи дека новороденчињата можат да се заразат.

Прочитајте и...  Горан Мисовски за СП: Нема логика ВМРО-ДПМНЕ да собира потписи, освен да си го „тестира“ членството

Тој, меѓутоа, нагласи дека ниту едно од заразените бебиња не е во критична состојба.

Поврзани вести

ВИДЕО I Ооо Пјетер! Спасувачите извлекоа старец затрупан под 4 метри снег

Илинка Иљоска

Повторно отворена „Јавна соба“ – групата на која се споделуваа експлицитни фотографии

Слободен печат

ВИДЕО: Експлозијата го тресе Ријад само неколку дена по друг обид за напад

Слободен печат

Општина Карпош: Направените штети многу тешко се санираат дури и по законски пат

Анета Стојковска

ВИДЕО: Во исчекување на вакцините против ковид-19, земјите од Западен Балкан го губат трпението

Илинка Иљоска

Бајден се слушна и со Столтенберг: САД остануваат посветени на колективна одбрана и на зајакнување на трансатлантската безбедност

Слободен печат

Остави Коментар