Вудворд мора итно да реагира, на Јунајтед му треба нов бек, напаѓач..!?

twitter/manchesterunited

Уште во првиот натпревар Манчестер јунајтед ги разочара своите фанови со домашен пораз од Кристал Палас (1:3) на стартот од новата сезона во Премиер лигата.

И екс играчот на „црвените ѓаволи“, Патрис Евра испрати критика до клубот на „Олд Трафорд“ дека повеќе се гледа на социјалните мрежи, отколку на теренот.

Јасно е дека менаџерот Оле Гунар Солскјер мора нешто итно да направи во составот доколку сака да се бори сезонава за Топ 4 во најсилната англиска фудбалска лига.

Хендерсон би требало да го замени Де Геа на голманската позиција, Шпанецот повторно беше несигурен, а критики има за Линделоф кој немаше решение за Заха. Дали можеби враќање на Заха е решение? Тоа е тешка мисија, бидејќи Кристал Палас не го продава за помалку од 80 милиони евра.

EPA-EFE/Oli Scarff

 

Долго се пишуваше за Санчо, но првиот човек на клубот Вудворд не сака да плати 120 милиони евра и бараат поевтина опција како Перишиќ или евентуално Даглас Кошта.

Во прашање е и позицијата лев бек, не успеаја да ги ангажираат Чилвел (Челси) и Регилон (Тотенхем), па сега најновата желба е Алекс Телјеш од редовите на Порто кој вреди 25 милиони евра.

Денеска британските медиуми воедно пишуваат дека Јунајтед ќе се обиде да го обезбеди потписот на Кулибали од Наполи, а тој вреди 80 милиони евра.

Без тројца играчи и вложени уште 150 милиони евра, на овие 50 колку беа вложени за Ван де Бек, прашање е дали Јунајтед има навистина намера да се бори за најдобрите позиции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот