Вуди Ален „персона нон грата“ во Америка

принтскрин/Instagram

Американскиот оскаровец и режисер Вуди Ален (83), кој по обвиненијата дека ја злоставувал својата ќерка се соочил со презир од колегите од филмската индустрија, не може да најде издавачи за неговите мемоари, пишува Њујорк тајмс.

Изгледа никој не сака да ги објави новите мемоари на Вуди Ален бидејќи тој во Америка стекнал статус на „персона нон грата“, односно непожелна личност.

Ален минатата година својата книга им ја понудил на различни издавачи, но сите ја одбиле поради страв од негативен публицитет. Главните луѓе во американските издавачки куќи веруваат дека за нив соработката со режисерот би била погубна.
Многу актери и актерки кои порано работеле со Ален, се дистанцирале од него и рекле дека веќе немаат намера да соработуваат со него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот