ВИДЕО: Азербејџан обвинува дека Ерменија ја гранатира Тартарската област
Азербејџанското Министерство за одбрана денеска соопшти дека ерменската страна извршила артилериски напад врз областа Тартар во близина на спорната област Нагорно-Карабах.
„Рано изутрина, ерменските вооружени сили извршија напади врз градот Тартар и тартарската област, користејќи артилериски систем”, се наведува во соопштението.
The adhan was read for the first time in 27 years in a village in Nagorno-Karabakh, which was freed from the occupation of Armenia by the Azerbaijani army.
MashAllah ??? pic.twitter.com/1MXtvY6YJY
— Ali Keskin (@alikeskin_tr) October 19, 2020
Портпаролот на ерменското Министерство за одбрана Шушан Степанијан денеска објави дека армијата на Нагорно Карабах собори борбен авион на азербејџанската армија во јужниот дел на контактната линија во тој спорен регион, што Баку го демантираше.
„Единиците на одбранбената армија на Нагорно Карабах соборија непријателски авион во јужниот правец околу 08:30 часот. Ситуацијата е напната, но релативно стабилна”, напиша Степанијан на Фејсбук.
Како што пренесува агенцијата ТАСС, Баку ја демантираше таа информација
„Информацијата на ерменската страна за наводното соборување на азербејџанскиот авион е лажна”, соопшти азербејџанското Министерство за одбрана.
A military hospital bombed by #Azerbajian forces in the north of Nagorno-Karabakh. pic.twitter.com/m2ds2hNpqI
— Emile Ghessen (@emileghessen) October 18, 2020
Ерменија и Азербејџан во саботата го постигнаа вториот договор за хуманитарен прекин на огнот, кој стапи на сила на полноќ по локално време, но двете земји веднаш започнаа меѓусебно да се обвинуваат за кршење на примирјето.
Обновените судири околу Нагорно Карабах избувнаа на 27 септември откако азербејџанските и ерменските сили се судрија на границата меѓу двете земји во текот на летото.
Извор: МИА