Вучиќ вели дека на Србија не ѝ се потребни ничии воени бази

Александар Вучиќ
Александар Вучиќ / EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во интервју за ТВ Прва изјави дека на земјата „не и се потребни ничии воени бази“. Ваквата информација се прошири низ српските медиуми, откако рускиот амбасадор во Белград минатата недела говореше за ваквите планови.

Неодамнешната изјава на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, дека „Србија повеќе нема да може да седи на три столчиња“, Белград ја толкува како предупредување.

„На Србија не и требаат ничии воени бази. Ќе ја задржи воената неутралност и сојузничките односи. Таа нема да се срами од врските со Русија, Кина, САД и ЕУ и ќе се грижи за себе“, изјави Вучиќ во интервју за српската ТВ Прва.

Изјавата на рускиот амбасадор во Белград, Александар Ботсан-Карченко отвори неколку прашања во српската јавност.

„Воспоставувањето на руска воена база во Србија е суверен чин на оваа земја, а тоа е и прашање што се однесува на интересите на самата Руска Федерација“, рече рускиот амбасадор.

Неколку српски медиуми и експерти ја обвинија Русија дека „ширејќи информации за руската воена база, намерно ги поткопува интересите на Србија во време кога Западот внимателно ја следи во врска со формирањето нова влада и одлуката за приклучување на западните санкции против неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот