Вучиќ: Вчера имаше обид за голем и жесток хибриден напад врз нашата земја
Српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќање до јавноста во врска со инцидентот во Зубин Поток и актуелната ситуација на Косово изјави дека во саботата имало обид за голем и жесток хибриден напад врз земјата.
ВИДЕО: Експлозија тешко оштети критично важен систем за вода и струја на северот на Косово
„Вчера имаше обид за голем и жесток хибриден напад врз нашата земја. Бидејќи внимателно следевме се што беше објавено од претставниците на Приштина и нивните меѓународни спонзори, како и нивните медиуми, не можевме да слушнеме многу факти“, рече Вучиќ на почетокот на неговиот говор.
Вучиќ рече дека нема да го обвини Курти дека го наредил нападот, но истрагата ќе покаже кој е одговорен за експлозијата кај Зубин Поток.
Во селото Вараге кај Зубин Поток се случи експлозија во која е оштетен дел од каналот Ибар-Лепенац, а поради оштетување на тој канал дошло до прекин во снабдувањето со вода и струја во Грачаница и околината.
Уапсени се осум Срби за кои косовската полиција ги сомничи дека се вмешани во инцидентот. Запленети се поголема количина воени униформи, оружје, муниција и пари, изјави Џељаљ Свеќља синоќа на прес-конференција.
Вучиќ: Немаме никаква врска со она што се случи на Ибар, а тоа го знае и Приштина