Вучиќ: Ситуацијата во Косово врие

Александар Вучиќ, претседател на Србија/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека ако Курти вели дека за него прашањето за статусот на Косово е завршено, тоа е и за мене завршено, но дали тој тоа го заснова на важни документи.

„Ако Курти вели дека за него е завршено прашањето за статусот. Добро. Затоа што и за мене е завршено прашањето за статусот на Косово. Јас таа завршеност ја темелам на еден важен акт – Повелбата на Обединетите нации и Резолуцијата 1244, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите за време на неговата посета на Норвешка.

Како што пренесоа српските медиуми, премиерот на Косово Албин Курти изјави дека за него прашањето за статусот на Косово е завршено со пресудата на Меѓународниот суд на правдата.

Според Вучиќ, Курти се повикува на се што му одговара, а не на она што не му одговара и на тоа има само еден одговор, а тоа е да не се враќаме во минатото.

Според него, Курти се потпира на моќта на големите и моќни земји од Западот и смета дека тие ќе бидат оние кои ќе ја принудат Србија да прифати нешто, но и дека во минатото Србија имала многу лоши потези.

Тој оцени дека ситуацијата на северот и во цело Косово, што се однесува до српскиот народ, буквално врие.

„На луѓето им прекипе, насекаде, нема ни да зборувам за Метохија. Тие малтретираат, мачат луѓе. Кога ќе склопиш се, сфаќаш дека се работи за систематски прогон, луѓето имаат душа, велат доста е. Курти се повикува на се она што му одговара, а во никој случај не се придржува до потпишаното во Брисел. Квинта секогаш ќе ги поддржува Албанците на Косово и Метохија, тоа е нивно дете, немаме тука никакви очекувања од наша страна“, рече Вучиќ.

Тој посочи дека Албанците мислат дека со специјалната полиција можат да ги решат проблемите на северот на Косово, но не разбираат дека само го охрабруваат српскиот народ да биде апсолутно сè порешителен против нив, вели Вучиќ

„Изгледа дека не слушаа внимателно, можеби тоа е добро, можеби кажав премногу. Што се однесува до нас, наша должност е да бидеме со нашите луѓе и да видиме како можеме да им помогнеме“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека не можат со ништо да го уценуваат, туку дека можат само да ја уценуваат Србија.

Вучиќ изјави дека денеска „разговарал со кралот на Норвешка и премиерот за важни прашања“.

„Знаете дека Норвешка подобро и попрецизно ја дијагностицира ситуацијата од кој било на теренот и дека е некој кој го чува мирот. Според тоа, разговаравме за Косово, за самиот процес на дијалог, рече Вучиќ.

Инаку денеска српскиот претседател Александар Вучиќ ја започна својата прва работна посета на Норвешка како претседател на Србија, откако пред две недели во Белград се одржа конференција заедно со Норвешка и земјите од Западен Балкан за можностите за инвестирање во обновливи извори на енергија.

Вучиќ претходно најави дека Србија треба да спроведе реформа во енергетскиот сектор и да ги диверзифицира изворите на снабдување со гас и нафта, како и да ги зголеми инвестициите во обновливите извори на енергија и дека Норвешка, која е еден од лидерите во таа област и зелената транзиција, ќе и помогне во тоа.

Вучиќ во Норвешка бара совети за реформи во енергетиката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот