Вучиќ: Различни сили ќе се обидат да ја намалат моќта на Србија

Александар Вучиќ /Фото: EPA

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во денешното обраќање до граѓаните порача дека поради чудни работи кои се случиле во претходните 48 часа, важно да се зачува единството на народот и граѓаните да ја разберат позицијата на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

– За нас претставува опасност што различни сили, на различни начини ќе се обидат да ја намалат моќта на Србија. Ќе бидеме под голем притисок, изјави Вучиќ.

Тој порача дека Србија не е заинтересирана да ја урива сувереноста на Црна Гора, Хрватска или БиХ и другите земји во регионот, дека не ја интересираат војни, поради тоа што има пред се многу работа во развивање на економијата.

– Ги молиме сите други да не се обидуваат потиснувајќи го влијанието на нашата земја со притисок, да не очекуваат дека нема да можеме да се одбраниме. Не ги понижувајте Србија и српскиот народ, нагласи српскиот претседател.

– Како што се устоличи Јоаникије, така започнаа нападите од Хрватска, на страната на Црна Гора, каде што јас сум секогаш тема, бидејќи според некои амбасади некои треба да се докажат, но она што изненадува е патолошката кампања во хрватските медиуми, според која јас лично го изведов устоличувањето, нарачав хеликоптери, носење на оружје, кажа Вучиќ.

Тој нагласи дека не разговарал со црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ и вицепремиерот Дритан Абазовиќ, додавајќи дека покрај регионалните медиуми, бил нападнат и од странските претставници кои го обвиниле дека сака да создаде „Голема Србија” преку црквата.

Вучиќ оцени дека зад ваквите напади стои добра организирана кампања, која е се посилна, бидејќи некои луѓе тешко трпат политички пораз и не можат да реагираат како чесни државници, поради што се однесуваат неодговорно на начин што не им одговара.

Во обраќањето до нацијата Вучиќ оцени дека не очекува прекумерна поддршка од земјите во регионот, бидејќи, како што кажа, „зошто нив би им одговарала силна и успешна Србија”.

– А зошто да не сакаат, кога досега не сакаа во регионот и во Европа? Имаме партнери, имаме интереси, но не очекувајте љубов. Не очекувајте дека некој што бил многу пред нас, а сега гледа во нашиот грб, да биде задоволен, истакна Вучиќ.

Според него, „најлесната мантра за Западот е да каже дека Вучиќ е како Милошевиќ. Јас не би го обвинил за се во поранешна Југославија, како што прават тоа многумина од регионот”.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот