Вучиќ прими „бустер“ доза против коронавирус

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска на саемот во Белград, прими „бустер“ доза од вакцината против коронавирус, Фото: OLIVER BUNIC / AFP / Profimedia

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска на саемот во Белград, ја прими третата, „бустер“ доза од вакцината „Синофарм“ против коронавирус.

Зоран Бекиќ, директор на Здравствениот дом „Савски венац“ кој е задолжен за Белградскиот саем, го пречекал претседателот на пунктот за вакцинација, а Вучиќ, како што налага протоколот пред вакцинацијата, потоа разговарал со специјалистот по општа медицина, д-р Снежана Калабиќ.

– Би сакал да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на нашите медицински сестри, лекари, на целиот персонал што се бори против коронавирусот, на оние кои го организираа сето ова за да се работи вака. Ги молам луѓето да се вакцинираат – рече претседателот на Србија.

Вучиќ првата доза од кинеската вакцина „Синофарм“ ја прими на 6 април во Рудна глава, кај Мајданпек, а втората доза на 27 април во Пуковац кај Дољевац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот