Вучиќ: Прекинот на огнот во Украина е од најголемо значење за Европа

Александар Вучиќ / Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека примирјето или прекинот на огнот во војната во Украина е од најголема важност за сите во Европа.

Говорејќи на Самитот на европската политичка заедница во Будимпешта, тој истакна дека треба да се биде искрен и да се види кое е решението и дека не знае што значи дека некој мора да победи и дека Европа мора да има победник.

-Кога, како? Како ќе победи Путин? Како ќе победиме? Дали сме подготвени да жртвуваме пет, десет милиони луѓе? Некој од вас? Некој од нас? Не, не можам ништо да им кажам на Украинците. На украинскиот претседател Володимир. Не можам да кажам ништо на Зеленски и шефот на дипломатијата, но можам да се чудам, бидејќи ние Европејците треба да победиме, но не знаеме како, затоа велам само примирје или прекин на огнови од најголемо значење за сите во Европа“, истакна Вучиќ.
Тој додаде дека дава целосна поддршка на Украина во сите нејзини европски, економски и сите други напори. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот