Вучиќ: Подобро да мезите отколку да сте мезе за другите

Фото Принтскрин Твитер

Во Тирана се одржува првиот самит на земјите-членки на Европската унија и земјите од Западен Балкан, на кој по неколкудневна неизвесност присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тој на новинарите во Тирана им порача дека е подобро да се биде „за масата отколку на масата”.

Важно е, не само поради пријателството со Албанија и Отворен Балкан, секогаш е подобро кога сте на маса, оти ако не сте за масата, тогаш обично сте на мени и ова е добра можност да ги чувате интересите на Србија, изјави Вучиќ, во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан.

Тој на новинарите им изјави дека Србија останува посветена на процесот на дијалог со Приштина и на процесот на европска интеграција, а во исто време штитејќи ги своите национални и државни интереси. Тој кажа дека дошол да го објасни ставот на Србија и да го слушне ставот на лидерите на ЕУ.

Јас сум реалист, тука сум да научам многу од луѓето од ЕУ, да ги слушам и конечно да ја објаснам позицијата на Србија.

Вучиќ повтори дека властите во Србија се свесни за обврските што ги презеле во рамките на евроинтеграциите, дека е свесен дека Србија се обврзала да ги усогласи своите одлуки со одлуките на Европската унија, но нагласи и дека територијалниот интегритет на Србија бил прекршен „на најлош можен начин во 1999 и 2008″ и дека и за тоа ќе разговара со претставниците на ЕУ.

На новинарско прашање да ги коментира критиките дека Србија е премногу блиска до Русија, Вучиќ рече дека Србија е независна земја на европскиот пат и така ќе остане.

Србија е независна земја. Ако на некои им е полесно да не критикуваат и да кажат дека сме блиску до Русија, тоа е она што Лајбниц го нарече ‘доволна причина’ – да критикуваш некого кога ништо немаш да додадеш, кажа Вучиќ.

Верувам дека сите прочитавте, а некои и напишаа, дека Србија во последните осум, девет месеци се подготвуваше, по инструкции на Руската Федерација, да нападне други земји на Балканот, да предизвика нестабилност и неизвесност. Ние тоа го демантиравме, не со изјави и декларации, туку со дела, порача српскиот претседател.

Вучиќ најави дека одделно ќе се сретне со премиерката на Италија и со премиерите на Холандија и Белгија.

Тој веќе се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Имав многу добар разговор со Урсула фон дер Лајен. Се заблагодарив за 165 милиони евра помош за српскиот енергетски сектор и разговарав за сите актуелни прашања меѓу Србија и ЕУ, напиша Вучиќ на Инстаграм, будуќностсрбијеав, со фотографија од средбата.

Разговарав и со мојот пријател Еди Рама за иницијативата Отворен Балкан и нашите заеднички прашања, исто така напиша Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот