Александар Вучиќ / Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Вучиќ нуди советодавен референдум за неговото претседателствување

Српскиот претседател Александар Вучиќ и понуди на опозицијата, како што рече, советодавен референдум за неговото претседателствување, додавајќи дека ќе поднесе оставка доколку гласањето биде против него.

Вучиќ во објава на Инстаграм порача дека опозицијата треба да повика на советодавен референдум за да се утврди степенот на неговата поддршка кај гласачите.

Тој додаде дека организацијата за набљудување на изборите ЦРТА соопшти дека огромно мнозинство од електоратот сака тој да ја напушти функцијата.

Според Вучиќ, нема покредибилен извор, ниту за меѓународната заедница, ниту за политичките партии во Србија од невладината ЦРТА. Тој рече дека ако е вистина она што го кажува ЦРТА тој не може да остане претседател на Србија.

Вучиќ појасни дека на опозицијата и требаат само потписи од 67 нејзини пратеници за да го иницира советодавниот референдум за претседателот на Србија“, напиша тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот