Вучиќ: Ние сме на европскиот пат, но не сме наивни да веруваме дека некој друг ќе работи за нас

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Кога започнавме со оваа иницијатива на сите нам тројца ни се причини дека оваа иницијатива е нешто што е добро, што е победа за идинината и нешто што ќе ги промени работите на Балканот. Сите оние работи за коишто многу лесно ги наоѓавме недостатоците едни на други, со многу леснотија наоѓавме причини за меѓусебни кавги. И кога разговаравме за ова сметавме дека би било многу добро за сите оние кои што ни се најблиски, а Србија и Албанија никогаш не биле толку многу блиски, но сите имавме различни проблеми, меѓутоа решивме од гледање во минатото, доаѓаат, на нашите деца. Во минатите две години развиваме една искрена доверба помеѓу нас во смисла на развивање на односите кон регионот, кон ЕУ и кон светот, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ на денешниот Економски форум во Скопје.

– Ние сите сме на европскиот пат, меѓутоа не сме ниту глупави ниту наивни да веруваме дека некој ќе работи во полза на нашите земји доколку ние тоа самите не го правиме. Затоа е особено важно за луѓето во нашите земји да им покажеме како во Албанија, така и во С Македонија и во Србија дека сме во можност и способни сме самите да одлучуваме за себе, да го подобруваме животот на нашите граѓани, да одиме на нашиот европски пат, да работиме со сите, но да не чекаме дека некој ќе не води и насочува. Спремни сме да ја земеме судбината во свои раце и да работиме во интерес на нашите граѓани, посочи Вучиќ.

Нагласи дека е многу важна полната доверба која веќе се случи меѓу тројцата, затоа што сето она што стои зад овој предлог е за добробит на сите и нема скриена агенда.

– Ни се отвараат големи, бескрајни можности и се од полза за сите три земји. Нашите три земји ќе ја завршат годината со вкупно 76 милијарди евра БДП, тоа е БДП помал од една Словачка. Колку години ни се потребни да го стигнеме. Десетина години?. Не, за само 5-6 години максимум и ги престигнуваме. Тогаш почнуваме во потполност да ги менуваме позициите и силите и може да работиме на развојот и да ја покренеме машинеријата на развојот на овој регион. За тоа ни се потребни бизнисмените, деловните луѓе кои ќе можат да ги резинсвестираат своите пари, рече Вучиќ.

Мораме да го оставиме минатото зад нас и да гледаме иднината, напредокот на животниот стандард на обичните граѓани, порача српскиот претседател.

– Ова не е насочено кон никого, а тоа е единствената цел нашите граѓаните да живеат подобри, нешто што е свето. Секогаш ќе имаме противници на оваа идеја, кои не размислуваат на економијата на нешто долгорочно, кои размислуваат на следните избори и кои во се бараат некој недостаток… Ние ќе се обидеме и ќе дадеме сѐ од себе. Едниот услов е довербата што ја имаме, а другиот е трите земји или влади да можат брзо да постигнат резултати, дали ќе можеме да ги надминеме сите слабости на нашата администрација или нема да можеме. Ако можеме да го сториме тоа на 1 јануари 2023 година – веќе нема да имаме граници меѓу нашите земји. Има граници, но нема граници за нашите граѓани. Одите од Белград до Тирана и никој нема да ве запре никаде, рече Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот