Вучиќ: Немаме проблем со вакцините, Модерна пристигнува во октомври

Српскиот претседател Александар Вучиќ/Фото: Jure Makovec / AFP / Profimedia

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска упати апел до лекарите што побрзо да препорачаат дали и кога е потребно да се започне со вакцинирање на третата доза против коронавирус и дека во Србија е набавена вакцината на Модерна, што ќе пристигне во октомври, јави дописникот на МИА од Белград.

– Наскоро ќе мора да започнеме со третата доза. Поминато е доста време откако многумина се вакцинираа. Мораме наскоро да започнеме со третите 1.300.000 бесплатни вакцини. Немаме проблем со вакцините. Лекарите мора да кажат дали вакцините можат да се мешаат. Ве замолувам да разберете дека на никој од нас кои сме вакцинирани, не ни фали ништо. Вакцинацијата не значи дека нема да се заразиме, но ни дава поголема шанса, околу 95 отсто, да преживееме, изјави Вучиќ.

Тој потсети дека на никој кој досега е вакциниран не му фали ништо и апелираше до теоретичарите на заговор да не шират неодговорни приказни за чипововање.

– Затоа што кога ќе го кажеш тоа, ќе убиеш некого. Некое дете ќе остане без мајка и татко или обратно. И наскоро ќе ја имаме петтата вакцина (Модерна), од октомври или ноември. Ќе ја имаме и првата компонента на вакцината од домашно производство, а ќе се гради и фабрика за кинеските вакцини, истакна Вучиќ и ги повика граѓаните кои не се вакцинирани да го сторат тоа затоа што расте бројот на новозаболени.

На прашањето за делумно задолжителна вакцинација, тој кажа дека не може да поддржува дискриминаторски мерки, што не значи дека нема да има избор во иднина.

– Внимателно ги следиме мерките на Себастијан Курц и Емануел Макрон и што се случува во Германија. Ќе видиме што можеме да направиме за да не го кршиме Уставот, што е тоа што може да обезбеди поголема безбедност за нашите граѓани без да ги нарушиме правата на луѓето кои се недисциплинирани, неодговорни, порача Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот