Вучиќ: Нема повлекување, нема предавање, да живее Србија!

Александар Вучиќ /Фото: EPA

Српскиот претседател Александар Вучиќ се огласи и на својот Инстаграм профил.  

Тој вели дека предавањето не е опција.  

„Ми се чини дека секој човек се бори со денови, недели, месеци, понекогаш и години, додека не се скрши, додека не донесе одлука, а тешките одлуки не се донесуваат лесно од одговорни и сериозни луѓе. Меѓутоа, кога ќе донесете одлука, чувствувате извонреден мир и спокојство. Бидејќи знаете дека не го донесовте најдоброто, туку единственото можно. Нашата одлука е јасна и цврста како карпа, ние ќе ги заштитиме и браниме нашите луѓе во Косово и Метохија. Нема повлекување Предавањето не е опција! Да живее Србија “, напиша Вучиќ на Инстаграм. 

Тој претходно изјави дека Србија ќе се обиде да го зачува мирот, повикувајќи ги Србите од тој дел да го зачуваат својот народ. 

По пристигнувањето во Рашка, Вучиќ рече дека го контактирал специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, и дека пристигнал во Рашка за да ги ислуша Србите од тој дел за денешните инциденти. 

На средбата со Вучиќ во Рашка беа присутни и министрите за полиција и одбрана, Александар Вулин и Небојша Стефановиќ и директорот на Канцеларијата на српската Влада за Косово и Метохија, Петар Петковиќ. 

Косовска полиција: Во денешната акција повредени 6 полицајци и 3 лица уапсени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот