Вучиќ: Не можат да ми замрзнат имот и сметки во странство „бидејќи ги немам“

Александар Вучиќ/Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

„Барам да ми го замрзнат имотот во странство. Не можете да ми најдете никаква сметка. Јас немам никаква сметка надвор од оваа земја, не можат да ја замрзнат, немам ниту пари, ниту сметки“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ

Изјавата на Вучиќ уследи откако група американски конгресмени побараа од американскиот претседател Џозеф Бајден да размисли за воведување санкции за оние кои го дестабилизираат Западен Балкан и го обвинија српскиот претседател за „продлабочување на корупцијата и притисок врз медиумите“,
Наспроти овие тврдења Вучиќ јавно порача дека „Србија е стабилизирачки фактор на Балканот“.

Според српскиот претседател барањето е потпишано од неколку конгресмени од Демократската партија и поради тоа смета дека е „еднопартиско“ и дека ќе се види „колку конгресмени ќе ја потпишат „српската“ резолуција за  страдањето на српскиот народ ,  следниот месец.

Вучиќ зборуваше и за „тајкуно-мафијашко-криминален сојуз“, кој, како што рече, има задача да ја уништи Србија.
Тој потенцираше дека во тој сојуз има луѓе од Србија, од , како што ги нарече , „окупираните делови“ на државата , како и од други земји, вклучително и оние од Западот кои ја признаа независноста на Косово и работат на обезвластување на Република Српска.

„Што ќе кажете кога главната вест е дека Србија е убедливо најуспешна во привлекувањето странски директни инвестиции бидејќи повеќе од 60 проценти од вкупните инвестиции во регионот се во Србија. Тие не веруваа дека Србија може толку брзо да се зголеми по пустош од 1990-тите”. а особено по 2000 година. Никој од нив не треба економски силна Србија. За нив само уништена Србија ќе биде добра, демократска Србија”, предупреди Вучиќ .

Запрашан за одлуката на црногорските власти за укинување на забраната за влез на неговиот најстар син Данило во таа земја, Вучиќ рече дека не ни знаел за таа мерка, иако, како што рече, во печатот имало написи за тоа.

„Можно е тоа да го направиле затоа што еднаш или двапати присуствувал на литии во Црна Гора, или можеби тоа бил најдобриот начин да покаже како ќе се однесуваат црногорските власти кон претседателот на Србија. Ниту јас, ниту мојот син никогаш не добивме официјално објаснување“, рече Вучиќ.

Вучиќ денеска информираше и дека Србија заедно со Хрватска работи на неколку локации за кои се претпоставува дека се наоѓаат тела на ликвидирани Срби и Хрвати, кои се водат како исчезнати.
Иако ова е „најважното цивилизациско и хуманитарно прашање“, досега немаме некои „големи резултати“, во истрагата “. вели српскиот престедател кој не пропушти да упати порака дека меѓу исчезнатите има повеќе Срби отколку Хрвати, иако Загреб го тврди спротивното

Запрашан да го коментира ставот на опозицијата за решавање на проблемите на Косово , тој рече дека опозицијата се обидува проблемот да го сведе на „обвинување на Србите“ и дека  нивниот „испробан рецепт е  сите Срби во северно Косово да ги прогласат за  криминалци“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот