Вучиќ: Не донесовме најпаметни решенија во борбата против епидемијата на коронавирус

Александар Вучиќ „Отворен Балкан“
Александар Вучиќ / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Откако ја прими третата доза вакцина против ковид претседателот на Србија Александар Вучиќ повторно апелираше граѓаните да се вакцинираат.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска на саемот во Белград, прими „бустер“ доза од вакцината против коронавирус, Фото: OLIVER BUNIC / AFP / Profimedia

Тој рече дека презема дел од вината што државата, како што рече, навреме не ги донела најпаметните решенија во борбата против епидемијата.

„ Иако не е во духот  со нашиот Устав можевме да ги лекуваме вакцинираните бесплатно, а невакцинираните да ги лекуваме и бесплатно, но само до висината на годишно ниво на платени здравствени придонеси, а остатокот да се доплаќа. Тоа би било апсолутно праведно. За жал , не се сетив на тоа „со време или премногу верував на совеста и одговорноста на народот. Тоа сега пропадна и повеќе не може да се спроведе на дело“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека во просек здравствените придонеси изнесуваат 500-550 евра годишно, што, како што рече, е нешто помалку од трошоците за еден ден болничко лекување.

„Да го направевме тоа ќе имавме подобри резултати во вакцинацијата, но сега може само да апелираме до граѓаните да се вакцинираат“, рече претседателот на Србија.

Тој најави дека здравствените работници ќе добијат најголемо зголемување на платите во 2022 година, како и дека се размислува за дополнителна награда за медицинските лица кои го понесоа најголемиот товар во борбата против епидемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот