Вучиќ на ТВ Пинк: За Хрватите јас не сум идеална личност на оваа позиција

Александар Вучиќ
Фото; Архива

Српскиот претседател Александар Вучиќ на Телевизијата Пинк одговараше на некои жешки теми кои се актуелни последниве денови во српската, но и балканската јавност.

На нападите и обвиненијата во врска со криминалната група Вељко Беливук – Марко Миљковиќ, претседателот на Србија најави дека ќе бидат емитувани досега невидени снимки.

На прашањето од водителката дали секој Србин што не се согласува со терминот геноцид за Сребреница треба да биде на потерница на Интерпол, Вучиќ одговори дека со Бошњаците треба да се градат пријателски односи, пренесува Телеграф.

-Мораме да разговараме и да се почитуваме, а не едни на други да забодуваме нож во грб. Мора да отвориме дијалог оти ние го споделуваме просторот со Бошњаците, рече Вучиќ.

Вучиќ одговори и на прашање поврзано со Никола Тесла и Хрватска.

-Никола Тесла е Американец со српско потекло. Тој е човек чиешто семејство е убиено затоа што му припаѓало на српскиот род, изјави тој.

Во врска со односите со Хрватска, Вучиќ рече дека нему му е битно сочувувањето на границите.

-Ним тоа не им е доволно. За првпат нашиот БДП е поголем од хрватскиот. Тоа е успех на Србија и јас ја разбирам нивната потреба да на омаловажат Србија оти ние растеме.

Вучиќ истакна дека има голема и важна вест за граѓаните.

-Донесовме одлука на граѓаните да им дадеме уште по 20 евра во декември. Сакаме на луѓето да им дадеме повеќе пари кои ќе ги потрошат во својата земја, рече тој.

 

Видео на денот