Вучиќ: На Форумот во Скопје ќе потпишеме три документи, го менуваме името мини Шенген, на границите ќе воведеме брзи ленти

img alt
Еди Рама, Александар Вучиќ и Зоран Заев / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

На претстојниот регионален Економски форум во Скопје на 28 и 29 јули ќе бидат потпишани три договори, дека ќе се смени името на иницијативата „мини Шенген” и дека ќе се направат посебни „брзи ленти” на граничните премини за побрз проток на граѓаните од регионот , изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по денешниот видео разговор со премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, на новинарите во Крагуевац им најави дека , јави дописникот на МИА од Белград.

– Јас многу верувам во економскиот напредок на регионот, на нивните земји. Ние работевме на три документи и верувам дека во Скопје ќе ги потпишеме, тие се важни документи за трговијата, работните дозволи и заемната поддршка во случај на пожари, поплави и други катастрофи, што е во интерес на нашите народи, изјави Вучиќ.

Тој кажа дека на економскиот форум ќе се сретне со премиерите на Северна Македонија и Албанија и изрази уверување дека „многу тоа ќе биде направено за економскиот напредок на целиот регион и Србија”.

– Ќе се обидеме да се договориме и за други работи на оние земји кои им припаѓаат од Малиот Шенген, кого ќе му дадеме име затоа што нема никаква врска со Шенген. Ќе покажеме дека можеме да одиме уште подалеку. Ако имаме шест или осум ленти за луѓето што доаѓаат од ЕУ, ќе имаме посебни ленти за луѓето од регионот или за овие три земји да можат побрзо да поминат, луѓето да ја видат придобивката – да можат да поминат побрзо од оние што доаѓаат од ЕУ, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател додаде дека „онаму каде што ќе се договориме, ќе направиме fast track (брз пат), ќе направиме фитосанитарна инспекција 24/7 за да можат нашите бизнисмени да работат побрзо и да можат да остварат поголема заработка и профит”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот