Вучиќ му го понуди на Дачиќ министерството за одбрана – Тој го бара ресорот надворешни работи

Вучиќ и Дачиќ / Фото: Архива на Слободен печат

Српската напредна партија и Социјалистичката партија на Србија започнаа неформални преговори за постизборна коалиција и формирање нова влада. Како што дознава „Нова“, Александар Вучиќ му понудил на Ивица Дачиќ функцијата министер за одбрана, но лидерот на СПС не го сака. Дачиќ бара да раководи со српската дипломатија.

Новата српска влада според најавите на Александар Вучиќ, треба да се формира најдоцна до крајот на јули. Како што сега стојат работите, тешко дека тоа ќе се случи како што планираше Вучиќ, особено ако се има предвид дека вчера беа објавени конечните резултати од парламентарните избори, а допрва треба да следат консултации со лидерите на партиите кои влегоа во Собранието.

Ивица Дачиќ / Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Сепак, неформалните преговори со социјалистите започнаа. Во редовите на српската влада најверојатно ќе се врати Ивица Дачиќ, лидерот на СПС кој беше претседател на Собранието на Србија во претходниот мандат.
Аналитичарите сметаат дека малку е веројатно, желбите на Дачиќ за шеф на српската дипломатија да бидат исполнети, имајќи ги предвид меѓународните околности и инсистирањето на Европската унија и Западот Србија да и се воведат санкции на Русија поради нејзината агресија врз Украина. Лидерот на СПС важи за проруски човек, кој досега се противеше на тие мерки, наведувајќи дека Србија на тој начин ќе им наштети на личните интереси.

Затоа и се шпекулира дека дека новата српска влада за прв пат по многу години може да биде избрана без социјалистите кои традиционално имаат одлични релации со Москва и пред се со престедателот Владимир Путин.

Од доаѓањето на власт на Српската Напредна Странка и Алекснадар Вучиќ , Дачиќ обавиваше неколку функции. Од 2012 до 2014 година беше премиер, а во првата влада на Александар Вучиќ беше министер за надворешни работи. Таа функција ја извршуваше и во втората влада на Вучиќ.
По бојкотот на изборите тој се пресели во парламентот и и ја презеде функцијата претседател на српското Собрание.

влада на република србија
Влада на Република Србија / Фото: МИА

Во рамките на претходната власт, во Владата на Мирко Цветковиќ, Дачиќ ја извршуваше функцијата министер за внатрешни работи, а неговите социјалисти имаа два министерски ресори меќу кој и министерството за образование и министерството без ресор одговорен за развојот на сиромашните делови на Србија.

Не се знае дали социјалистите ќе го зголемат бројот на ресори во новата влада, бидејќи на претходните избори освоија 100.000 гласови повеќе отколку во 2020 година. Во српското Собрание ќе имаат вкупно 31 пратеник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот