Вучиќ: Конфликтот на Косово го започна косовската полиција, а не НАТО

Александар Вучиќ / Фото: EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва во гостувањето во емисијата „Прва тема“ на ТВ Прва ја коментираше актуелната ситуација на Косово и настаните од 29 мај.

Тој рече дека конфликтот го започнала косовската полиција, а не НАТО.

„Пред оваа емисија, пет советници кои се занимаваат со таа работа и чија должност е да ги посочат моите грешки, ми рекоа да не бидам пргав и да не бидам песимист. Мислам дека овие слики се ужасни и намерно избрани против Србите, бидејќи не покажуваат кој го започна конфликтот. Тоа не го започна НАТО, туку косовската полиција“, рече Вучиќ за снимката од неодамнешниот конфликт меѓу локалните Срби и припадниците на КФОР во Звечан и додаде:

„Сите на Запад знаат дека Приштина е виновна и дека Курти е виновен. Немаме што да добиеме од тоа, бидејќи тој знае дека што и да прави, Американците, Англичаните и Германците ќе бидат за зачувување на таканаречената независност на Косово и да не им дозволат на Србите да го загрозат територијалниот интегритет на Косово“, додаде Вучиќ.

Вучиќ посочи дека Курти наводно „сака Србија и НАТО да влезат во конфликт“ и додаде дека тоа не е во интерес на Србија.

Тој изјави дека вчерашниот разговор со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц бил „многу тежок разговор“.

-Тоа беше мојот најостар настап, но цивилизиран“, тврди Вучиќ.

На прашањето дали решението е да се оди на нови локални избори, Вучиќ одговори дека „не знае што да каже“. Дозволете ми да преговарам, ќе разговараме,само од вторник“, рече Вучиќ.

Мора да видиме што ќе добие нашиот народ, ако има што да добиеме, секогаш сме подготвени на компромиси“, рече Вучиќ и додаде дека претстојат „тешки денови“.

Зборувајќи за вклучувањето за Си-Ен-Ен, Вучиќ рече дека интервјуто за него е „технички комплицирано“.

„Не го ни видов водителот, можев да слушам само преку спикерот, а ни тоа не можев да го слушнам баш најдобро, па прашањата ги погодив врз основа на некои зборови. Тоа беше мал технички проблем“, изјави Вучиќ.

Тој се осврна и на протестот за поддршка на косовските Срби кај Автокоманда по насилствата во Звечан.

Нема да одат во Рударе да протестираат, туку ќе одат во Автокоманда“, рече Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот