Вучиќ и Курти поканети во Брисел, Приштина објави кандидатура за членство во ЕУ

Фото: Архива на „Слободен печат“

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Џосеп Борел ги покани српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Аљбин Курти на средба во Брисел, а датумот на средбата ќе биде објавен подоцна, изјави портпаролот на Европската комисија Петер Стано. Истовремено, премиерот на Косово Аљбин Курти најави поднесување на кандидатурата на Косово за членство во Европската унија до 25 декември.

Албин Курти / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Претседателот на Србија минатиот петок на средбата со еврокомесарот за проширување изјави дека Приштина е првата што презема чекори и на северот на Косово и кон ЕУ.

Фото: Profimedia

„И да ве прашам, да ги прашам моите пријатели од Европската унија, што ќе биде следната недела“, праша Александар Вучиќ.

Одговорот дојде многу брзо, од Виена, каде Албин Курти се обрати на собирот на европските социјалдемократи.

„Сакам да ве информирам дека овој месец, пред Божиќ, Косово ќе поднесе кандидатура за членство во Европската Унија, дека ќе достави документација за ставот на Владата на Косово кон Унијата и дека очекуваме поддршка од Европските социјалисти и социјалдемократи во овој чекор“, рече Курти.

Во Брисел, еврокомесарот Оливер Вархеи, разговараше со косовскиот вицепремиер Бесник Бисљими за подготовките за поднесување на кандидатурата на Косово. Во меѓувреме, портпаролите на ЕК најавуваат нова рунда на највисоко ниво.

„Неколку пати кажавме дека ќе има средба меѓу претседателот на Србија и премиерот на Косово. Високиот претставник веќе ги покани да дојдат во Брисел и ќе ве известиме за точниот датум штом ќе дознаеме“, ги информираше новинарите портпаролот Петер Стано.

Претседателот на Србија со американскиот амбасадор Кристофер Хил разговараше за безбедносната состојба на Косово, како и за предлозите на ЕУ за продолжување на дијалогот за нормализација на односите со Приштина.

„Ја укажав важноста на вклучувањето на САД во спречувањето на понатамошни ескалации предизвикани од речиси секојдневните еднострани и незаконски потези на привремените институции во Приштина и ја повторив неопходноста од формирање на Заедницата на српските општини“, се вели во соопштението.

Дека односите на Србија со САД во моментов се подобри отколку со европските партнери, говори и фактот што Вучиќ и амбасадорот Кристофер Хил пристигнаа веднаш по политичките разговори за отворање на „технолошкиот центар“ на престижната американска автомобилска компанија Ривиан, во кој ќе бидат вработени 200 инженери во Белград до крајот на годината.а планот е подоцна да се вработат вкупно 1.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот