Вучиќ и Курти го откажаа учеството на форумот во Братислава поради ситуацијата на Косово

Фото ЕПА

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти го откажаа учеството на форумот во Братислава, јави српска „Нова“.

Владата на Косово потврди дека Курти нема да учествува на Форумот во Братислава во 2023 година.

Годинава, според агендата објавена на овој форум, Курти денеска требаше да учествува како говорник на дискусија со поранешниот претседател на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, поранешниот премиер на Бугарија Кирил Петков и европскиот пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно изјави дека нема да патува во Братислава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот