Вучиќ: Граѓаните ќе одлучат дали Рио Тинто ќе добие дозвола за работа

Српскиот претседател Александар Вучиќ/Фото: Jure Makovec / AFP / Profimedia

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека ќе има референдум за почеток на работата на компанијата Рио Тинто во Србија и дека дозволата за работа на компанијата ќе биде дадена ако граѓаните гласаат за тоа, пишува Бета.рс.

Вучиќ одговорајќи на прашањата на новинарите во Скопје рече „инаку тие луѓе не разбираат зошто некој би се бунел“ против отворањето на рудникот, затоа што „тоа што е објавено“ во медиумите во Србија за работата на таа компанија не е точно.

„Ова не е течна руда, се е измислено и се е политичка пропаганда“, рекол Вучиќ и додал дека „нема проблем со тоа рудникот да не биде отворен ако изгуби на референдумот“.

Тој рекол дека за отворањето на рудникот и почетокот на работата на компанијата Рио Тинто се дадени 11 дозволи во времето на Демократската партија, но дека не добиле главна дозвола за експлоатација и нема да ја добијат додека народот не се изјасни.

„Тогаш ќе заземеме став по тоа прашање. Луѓето мораат да бидат целосно запознаени со тоа што се добива, а што се губи. Кога ќе чујат што се добива верувам дека ќе донесат позитивна одлука, но ќе прифатиме и ако одлуката биде негативна, но некои други луѓе ќе мораат да објаснуваат зошто ќе останат без пари“, рекол Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот