
Вучиќ: Горд сум на фактот што 99% од студентите кои протестираа не сакаа инциденти
Српскиот претседател Александар Вучиќ во врска со денешниот протест рече дека се работи за голем протест и оти огромен број луѓе дошле од внатрешноста. Тој додаде дека протестот се одржал со огромна негативна енергија и „гнев што бил изразен кон властите во Србија, дека нема жртви или сериозни повредени“. Изјави дека вкупно 56 лица се повредени, но ниту еден потешко.
Препорачано
„Тоа е добра и одлична вест, 22 лица се уапсени за имотни деликти, напади врз полицајци и други лица“, рече тој.
Вучиќ изјави дека тие што направиле штета на приватен имот ќе одговараат и ќе ја надоместат истата. Објасни дека претходно денеска некаде околу 2:30 часот му рекол на полицискиот директор да очекува напади меѓу 7:00 и 8:30 часот.
.„Кога ќе се стемни ќе сфатат дека не се случило ништо големо за кое фантазирале и сонувале. И токму така се случи- додаде тој.
„Горд сум на фактот што 99% од студенттите кои протестираа не сакаа инциденти. Не им мислам добро на оние кои ја прекршуваат уставно загарантираната слобода на движење. Не мислам добро на сите нивни политички дејствија, но задоволен сум затоа што сфатив дека овие млади луѓе, речиси сите, не сакаат да учествуваат во спроведување на мерки на насилство, сила или што било друго. „И вечерва по првите инциденти, се разбира по меѓусебните расправии и по расправиите со опозициските активисти кои беа таму, тие го напуштија митингот и рекоа дека ова веќе не е наше, кога сфатија дека немаат контрола врз митингот“, рече тој.
Во обраѓањето демантираше дека се употребени воздушни топови на протестите.