Вучиќ: Едвај чекам да ја примам третата доза на вакцина

Српскиот претседател Александар Вучиќ/Фото: Jure Makovec / AFP / Profimedia

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска потврди дека тој ќе ја прими третата доза на вакцина против Ковид-19 и ги повика жителите на Србија да се вакцинираат, пренесува Блиц.

„Ќе ја примам третата доза после шест месеци, тоа би било во октомври. Едвај чекам да ја примам. Како што гледате, уште сум жив“ изјави Вучиќ.

Тој додаде дека вакцината никому не му наштетила, но на многумина им наштетило тоа што не се вакцинирани.

„Со вакцините, болниците и лековите можам да помогнам. Тоа има смисла. Но, за другото не знам, не сум епидемиолог. Не сум сигурен колку се спремни луѓето, но тие ќе размислуваат за тоа, па да видиме што ќе се случи“ вели претседателот на Србија.

Србија моментално се справува со нов раст на бројките на заболени од Ковид-19, а Вучиќ изјави дека не знае дали новиот раст на бројките би значеле нови мерки во земјата.

Видео на денот