Вучиќ до косовските Срби: Не влегувајте во конфликт со НАТО, но ако албанскиот окупатор пука, ќе биде многу поинаку

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија ќе направи се за да го зачува мирот по денешните конфликти на северот на Косово, но дека „работата ќе биде сосема поинаква“ доколку Албанците пукаат во Србите.
„Ако албанскиот окупатор пука, работите ќе бидат сосема поинакви, тоа е нешто што им го пренесов на сите во НАТО“, изјави Вучиќ на новинарите во Претседателството.
Тој ги повика Србите во Косово да не влегуваат во конфликт со НАТО, бидејќи според негова проценка, тоа најмногу го посакува косовскиот премиер Албин Курти.
„Ги повикувам кога ќе протестираат, дали ќе биде утре, задутре, тоа е нивна одлука, бидејќи знам дека нема да прифатат окупација на нивните згради, нивните градови и куќи, тоа да го направат во на мирен начин, како што се денес, да седат. Кога на мирен начин му се спротивставуваат на албанскиот окупатор, тогаш никој ништо не им може “, рече Вучиќ.
Тој изјави дека српската армија ги прераспоредила силите на места каде што сметаат дека е потребно и додаде дека нема да се дозволи погром и протерување на Србите од Косово.