Вучиќ: Денеска уште еднаш ништо не се случи

Александар Вучиќ
Александар Вучиќ / EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Српскиот претседател рече дека дека формирањето на Отворен Балкан не е идеја на Виктор Орбан, ниту на Владимир Путин.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се обрати на заедничката прес-конференција со премиерите на Албанија и Северна Македонија, Еди Рама и Димитар Ковачевскио од Брисел.

„Прво, ви благодарам што дојдовте на нашата конференција. Димитар и Еди зборуваа во името на нивните земји, а јас ќе зборувам во името на Србија. Денеска уште еднаш ништо не се случи.  И Албанија и Северна Македонија заслужија да започнат преговори. Ако направите анализа на нашата соработка со ЕУ, ќе видите дека Србија во последните 4 месеци ја зголемила трговската размена со ЕУ за повеќе од 30 отсто, годинава ќе достигнеме 40 милијарди евра, што не е малку, рече српскиот претседател.

Тој изрази благодарност до европските челници за поддршката за Србија на европскиот пат.

ФОТО+ВИДЕО | Самитот ЕУ – Западен Балкан заврши без какви било резултати

„Ние сме неизмерно благодарни на Шарл Мишел и на сите оние кои не поддржаа на нашиот европски пат. Разговаравме за се и затоа треба да ја прифатиме иницијативата на Макрон, а тоа ќе значи формирање нова европска политичка заедница. Тоа е добар начин за нас за да се слушне нашиот глас“.

„Денеска нѐ слушаа лидерите на ЕУ три или четири часа. Јас бев еден од последните говорници. Хрватските медиуми апосторифираа дека постои голем притисок врз Србија поради руското прашање. Јас тоа не го кријам. Во европските медиуми беа објавени 2.629 написи за Србија по рускиот напад за тоа како Србија го загрозува целиот регион Западен Балкан. Дали некогаш сте слушнале извинување за тие измислици. Јас морам да се грижам за националните интереси, рече Вучиќ.

Тој нагласува дека е должен да постапи согласно заклучоците на Советот за национална безбедност и им е благодарен на оние од ЕУ кои сакаа да го слушнат.

Тој вели дека формирањето на Отворен Балкан не е идеја на Виктор Орбан, ниту на Владимир Путин.

„Три балкански народи седнаа и најдоа решение, барем за некои наши проблеми. Дали е тоа забрането и дали треба да се забранува?“, праша Вучиќ.

Српскиот претседател им ветил на своите европски колеги дека ќе направи се за да се постигнат европските стандарди.

На прашањето дали денеска имало некакви историски одлуки, Вучиќ одговори:

„Се што кажав денеска, јавно и отворено го кажав. За нас денес ова беше важно, иако немаше конкретни резултати за Западен Балкан, имаше отворени дискусии, кои не треба да се потценуваат.

Северна Македонија и Албанија не добија датуми, Приштина не доби визна либерализација, а БиХ не доби кандидатски статус.

….

Бевме критикувани од многу членови за руско-украинските односи“

ФОТО+ВИДЕО | Самитот ЕУ – Западен Балкан заврши без какви било резултати

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот