Вучиќ: Цената на рускиот гас за Србија ќе остане непроменета и во наредните шест месеци

Српскиот претседател Александар Вучиќ/Фото: Jure Makovec / AFP / Profimedia

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Сочи по средбата со претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека во следните шест месеци Белград ќе го плаќа рускиот гас по иста цена како и досега, 270 долари за 1.000 кубни метри.

По средбата лице в лице и ручекот со рускиот претседател Владимир Путин, Вучиќ изјави дека тоа е „неверојатна цена“ и додаде дека и Србија во тие шест месеци добила зголемување на количината на гас.

Вучиќ изјави дека со Путин разговарал и за долгорочниот договор за набавка на гас, но дека нема право да зборува за елементите додека не се потпише тој документ.

„Можам да кажам само две работи, претседателот Путин рече дека ќе бидеме задоволни. И второ, елементите за кои разговаравме ни кажуваат дека и по тие шест месеци ќе имаме исклучителна цена. И цената и зголемувањето на обемот, додаде Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот