Вучиќ: Белград ја цени поддршката на ОБСЕ во областа на медиумските слободи и владеењето на правото

Српскиот претседател Александар Вучиќ/Фото: Jure Makovec / AFP / Profimedia

Српскиот претседател Александар Вучиќ на денешната средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ, Јан Брату, му пренесе дека Србија ја цени поддршката на Мисијата на ОБСЕ во сеопфатниот реформски процес, кој вклучува професионална помош во области како што се слобода на медиумите и владеењето на правото, како и зајакнување на човековите и малцинските права, јави дописникот на МИА од Белград.

Брату и Вучиќ разговараа за модалитетите на соработка во процесот на демократизација, како и за заедничкиот придонес за одржување на мирот и стабилноста во регионот, соопшти прес службата на претседателот на Србија.

Тие се согласија дека е важно активностите на Мисијата на ОБСЕ да се планираат со надлежните државни институции, со цел да бидат согласно реалните потреби на земјата на нејзиниот реформски и европски пат.

Двајцата соговорници разговараа и за регионалната ситуација, согласувајќи се дека приоритет е зачувување на мирот и стабилноста на Западен Балкан.

Во таа насока, тие разговараа и за ситуацијата во јужна Србија, а претседателот Вучиќ се заблагодари на мисијата на ОБСЕ за помошта во договорот меѓу Министерството за образование и Националниот совет на Албанците за учебниците на албански јазик за основните училишта, се наведува во соопштението.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот