Вучиќ: Ако патуваме без граници и ако сме обезбедиле добри патишта, тогаш сме направиле многу

Фото: Влада

Србија ќе биде партнер на Северна Македонија и Албанија, за регионалната стабилност, како и за подобрување на нашите животи и на животите на нашите граѓани, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ денешната заедничка прес-конференција по завршувањето на регионалниот економски форум.

– Сѐ ова е фантастична идеја и извонредна визија. Ние мораме, во името на нашите граѓани, да бидеме внимателни, да бидеме вредни и да ги испорачаме резултатите. Ако биде тоа така и ако успееме да го минеме патот од Тирана без ниту една граница до нашата финална дестинација, како и да обезбедиме добри патишта и брза железница, тогаш сме направиле многу и ќе направиме многу.

Ние зборувавме дека, во рамки на оваа иницијатива, ние ќе го направиме ова заеднички. Затоа што ние не можеме индивидуално да го направиме најголемиот саем на безалкохолни и алкохолни пијалоци во Европа. Но, ако сме доволно здружени, можеме да направиме тоа да биде третиот или четвртиот по големина во Европа, изјави Вучиќ.

На крајот, Вучиќ се заблагодари за гостопримството и рече дека се надева дека до крајот на годината ќе се сретнат во Тирана. Според него, сѐ ова е за обичниот народ да биде задоволен и да го почувствува напредокот.

Видео на денот