Вучиќ ѝ се обрати на јавноста по веста за можниот атентат: Добив писмо од членка на ЕУ, на листата видов 7 имиња

Александар Вучиќ / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Српскиот претседател Александар Вучиќ првпат и се обрати на јавноста откако министерот за внатрешни работи Александар Вулин објави дека Министерството за внатрешни работи е официјално информирано за постоењето на криминална група чија цел е атентат врз српскиот претседател во февруари.

Вучиќ објасни дека добил информација за планираниот атентат на 14 јануари и дека една земја од ЕУ ја испратила таа информација до српските власти.

– Тие дадоа многу детали за тоа. Мислам дека луѓето не се грижат премногу, тие имаат свои проблеми. Мислам дека тоа не е од посебно значење за луѓето – вели Вучиќ.

Запрашан дали е загрижен за информациите за атентатот, претседателот Вучиќ рече дека тоа е работа на надлежните органи.

– Во тоа писмо видов седум имиња. Надлежните органи ќе ги преземат сите мерки за да го спречат тоа. Таа земја од ЕУ беше многу коректна, многу фер. Нашите луѓе работат, имаат распишано потерници за одредени луѓе затоа што пишувале кој кому да го прати оружјето, кој да го земе и слично – објаснува тој и додава дека „дестабилизацијата на Србија би била во интерес на многумина“ и дека Србија продолжува да се бори против криминалната група.

Тој истакна дека е важно да се зачува стабилноста, државата да продолжи да се бори против нарко-картелите, да ги заштити луѓето и сите да се еднакви пред законот.

„- Сигурен сум дека направивме многу со големите апсења на нарко-картелите во Србија, а тие не можат да функционираат доколку немаат поддршка од одредени државни структури во пошироки размери. Не се работи за 10 милиони евра, туку за стотици милиони и милијарди евра. Никогаш не сум видел или слушнал за некој од тие луѓе чии имиња ги добив. Тоа не е лична работа. Исто така, дестабилизацијата на Србија би била во интерес на многумина. Ова се некои можни причини“, изјави тој во интервју за ТВ Пинк.

ВИДЕО | Вулин: Постои криминална група чија цел е атентат врз Вучиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот