Вучиќ: Знаеме или претпоставуваме кој е убиецот на Оливер Ивановиќ, но ни требаат материјални докази

Српскиот претседател Александар Вучиќ во своето денешно обраќање на јавноста, по повод актуелната сиутација на Косово, изјави дека целта на Приштина со „забраната на снабдевањето на српското население на Косово со српски стоки е заземање на северот на Косово и протерување на Србите“, како и дека „мисли дека Србија го знае името на убиецот на Оливер Ивановиќ“.

Тој во едночасовното обраќање, ги означи како „лицемерни оценките на дел на меѓународната, косовската и српската јавност дека на северно Косово има лажна хуманитарна криза“.

– Состојбата во политичко-бебедоносниот смисол е се потешка и многу комлексна, поради таксите од 100% кои ги воведе Косово на стоки од Србија, кажа Вучиќ, додавјќи дека дел од неопходните намирници „морале да бидат префрлувани преку алтернативни патишта“.

Како што наведе тој, во последните десет дена одземени се над 16 камиони со разна стока, во едно комби е пукано, а кон Србија се поставени над 150 камери со помош на САД за контрола на админитративната граница.

– Како мислите да ја доставиме храната на Србите во Косово? Од Марс или од литосферата? Како да стаса стоката до нив? Или да кажеме – не, навикнете се, не јадете повеќе чипс од Чачак, или Јафа, јадете нечии туѓи производи. Ние тоа нема да го направиме. И што ќе правиме сега – праша српскиот претседател.

Тој додаде дека Приштина, со поддршка на меѓународната заедница, ангажирала целосна мрежа на разузнавачки агенции и соработници, за да ја претстават Србија како главен виновник за се, со цел секогаш да имаат изговор за оправдување на приказната дека „Вучиќ е виновен” и дека „му одговара да се случи нешто на северот од Косово “.

– Клучната цел на овие мерки на Приштина е да го преземе северно Косово и да го протераат српското население од цело Косово, рече Вучиќ.

Српскиот претседател изјави и дека мисли дека српските надлежни органи го имаат името на убиецот на Оливер Ивановиќ, како и дека албанска страна тоа се уште не го знае, туку само се обидува за тоа да ги обвини Србите.

– Мислиме дека го имаме името на убиецот, извршителот. Албанците го немаат, немаат поим (…) Се обидуваме да дојдеме до материјални докази и да излеземе во јавноста. Она што тие мислеа дека некој во Белград ќе се обиде да го „забошоти“, тоа нема да успее, рече Вучиќ на прес-конференцијата во Белград.

Тој оцени дека Милан Радојчиќ на било кој начин не учествувал во убиството на Ивановиќ, додавајќи дека некои за убиството на Ивановиќ веднаш го обвиниле српското државно раководство. Во врска со оваа тема, Вучиќ праша „зошто Белград не може да ги добие снимки од аеродромот во Тирана, преку кој, Фљорим Ејупи, кој, како што рече, „подметна бомба под автобусот на Ниш-експрес”, од Германија, каде што бил под надзор, пристигнал на Косово и побарал од меѓународната заедница да помогне“. Вучиќ, исто така, праша зошто Неџмедин Зекај престојувал во Косовска Митровица, која е неговата улога во сè, и зошто Србија не може да добие информации за неговото движење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот