Вучиќ: Српската историја и географија ќе ја пишува само државата Србија

epa08885686 Serbian President Aleksandar Vucic talks during the press conference with Russian Foreign Minister Sergei Lavrov (not pictured) during their press conference in Belgrade, Serbia, 15 December 2020. Russian Foreign Minister Lavrov is on an official visit to Serbia. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Српскиот претседател Александар Вучиќ  најави дека на почетокот на следната недела ќе поднесе иницијатива само државата да може да ги составува учебниците по српски јазик, историја и географија.

-Српската историја и географија ќе ја пишува само државата Србија, изјави Вучиќ, пренесуваат медиумите.

 Вучиќ меѓу другото кажа и дека во дијалогот на Белград и Приштина „меѓусебното признавање стана мото“.

Вучиќ, меѓу другото, потсети дека за време на претходната власт во Србија 90 земји од светот го признаа Косово.

„За време на нивната власт 90 земји ја признаа независноста на Косово, само молчеа на тоа. Нема да молчам и ќе го бранам Косово и Метохија како знам и умеам“.

Вучиќ истакна дека не постои никаков „нон-пејпер“ со барања околу Косово, но она што постои и што го очекува се „тешки притисоци“ и обединување на силите на Вашингтон и Брисел.

„Меѓусебното признавање стана мото“, кажа Вучиќ.

Српскиот престедател посочи дека знае „дека поради оваа иницијатива ќе има напади од тајкуни и некои амбасадори, кои ќе тврдат дека ја нарушува слободата на пазарот“.

По што им порача на истите дека може да се жалат во ОН, ЕУ, но дека тоа нема да се промени.

Истакна дека сè уште размислува за содржината на честитката која ја добил за Денот на државноста на Србија од американскиот претседател Џо Бајден.

„Чудно е тоа кога некој друг се радува, а не тој што ја примил честитката“, кажа Вучиќ, и додаде дека тоа не е пристојно, но дека тоа ќе му го каже на Бајден во лице.

Додаде дека Бајден не треба да се потценува бидејќи тој, е многу интелигентен човек.

„Станува збор за сериозен и искусен политички лидер. Постојат нешта кои се факти, но ако сакаш да испратиш некоја политичка порака го земаш телефонот и се јавуваш“, кажа Вучиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот