Вучиќ за оставката на Харадинај: Тоа е политички трик, набргу ќе се врати на власт

фото: Курир.рс

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска зборуваше во врска со оставката на премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, како и за евентуалните последици од овој потег.

– Ја разбираме радоста, не сакам да кажам еден вид задоволство поради тоа што Харадинај е повикан во Хаг. Сметам дека нема причина за еуфорија бидејќи ги согледуваме сите факти и последици по тој чин, а посебно како ќе се однесуваат и Албанците и меѓународната заедница кон Србија и нејзиниот народ – истакна Вучиќ.

Според него, „оставката на Харадинај е политички трик, за да добие популарност“.

– Тој се бори да ги порази противниците во Косово, јунак кој се бори, а останатите се недостојни на лидерот кој ги води во светла иднина – изјави Вучиќ на прес-конференцијата.

Српскиот претседател предвидува дека Харадинај ќе биде пуштен за 48 часа и ќе се врати како голем албански херој, неговата популарност ќе се зголеми, а на сите останати ќе се намалува.

Вучиќ оцени дека таксите на српските производи нема да бидат укинати, а западните сили често ќе вршат притисок и ќе го уценуваат Белград со изговор дека косовските лидери ги испраќаат во Хаг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот