Вучиќ за можноста Грција да го признае Косово: Немаме прецизни информации

Српскиот претседател Александар Вучиќ/Фото: Jure Makovec / AFP / Profimedia

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека Грција го уверува Белград дека нема да ја признае независноста на Косово, но дека развојот на односите меѓу Атина и Приштина  „секако не се најдобра вест“ за Србија.

-Не би сакал однапред да зборувам и пред нешто да дознаеме. Бидејќи имаше некои промени во односите, очекувам да видам дали е во прашање само трговска канцеларија или нешто повеќе меѓу Грција и Косово, како што велат тие за односите на Приштина и Атина. Ќе видиме како ќе оди тоа, па ќе ја известиме јавноста, рече Вучиќ за ТВ Пинк.

По средбата со претставниците на германската компанија „Бизерба“, Вучиќќ рече дека „наредните денови ќе има големи и важни консултации“ во Белград околу Косово и дека потоа очекува продолжување на дијалогот со Приштина во Брисел, со посредство на ЕУ.

Извор: Бета

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот