Вучиќ за можната посета на Загреб: Ќе чуете, ќе напишам едно писмо – Слободен печат
ВестиРегион

Вучиќ за можната посета на Загреб: Ќе чуете, ќе напишам едно писмо

Српскиот претседател изјавил дека денес или утре ќе ја каже неговата одлука.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ не дал конкретен одговор дали ќе дојде на конгресот на собирот на Европската народна партија (ЕПП) во Хрватска, но затоа зборувал за Будак и Братиќ.

По повод неговата евентуална посета на Загреб, на конгресот на ЕПП, тој на прашањето на Б92 за кого е понезгодно тоа прашање, за него или за Хрватска, претседателот на Србија, Александар Вучиќ одговорил дека не гледа зошто тоа за него би било незгодно, бидејќи тој веќе бил во Хрватска и ништо, тој истакнал, не му било незгодно, бидејќи секогаш ја зборувал вистината.

„Ако на некого од нив му е незгодно или не знае да објасни како е можно нацистичкиот злосторник Миле Будак да биде награден со бројни споменици и улици ширум Хрватска, мене не ми е нималку“, рекол Вучиќ, заради потегот на Хрватска за поставување на спомен плочата

Вучиќ претходно веќе рече дека не гледа ништо спорно да се оддаде почит на генерал на војска која во тој момент била легална, дека Братиќ не е осуден за воено злосторство, но не коментираше за тоа дека Братиќ активно учествувал во нападите на Вуковар. Заради поставување на спомен плочата се огласиле и граѓанските организации во Србија и жестоко го осудуваат тој потег.

„Братиќ е проблем, а не е проблем нацистички злосторник, министер во влада на усташка НДХ да има толку споменици и улици, човек кој се залагал за убивање на една третина од Србите, за протерување на една третина и за преобратување во католицизам на една третина. Па чекајте… И вие потоа зборувате за европски вредности“, рекол Вучиќ.

Потоа тој коментирал за можното доаѓање во Загреб.

„Зошто на мене би ми било незгодно? Што ќе ме држи врзан во соба во хотелот, па да не излагам никаде, да се грижам дали некој нешто ќе ми направи? Што ми е гајле за тоа“, рекол српскиот претседател.

На прашањето дали ќе дојде во Загреб, тој одговорил.

„Денес или утре ќе чуете. Ќе ви напишам едно писмо. Сакам да пишувам во последно време. Ќе биде интересно моето писмо и разговорите кои ќе ги чујам денес и утре, а притоа ќе се потрудам да ја одбранам можноста да развиваме нормални односи со Хрватска. Меѓутоа, за танго се потребни двајца“, заклучил Вучиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close