Вучиќ: За мене Косово е дел од Србија, но не е се наше, а не е ниту нивно

Фото: Немања Николиќ/курир.рс

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача дека за него Косово е дел од Србија, но не сака „да го лаже народот и да каже дека е се нивно“.

– Не сакам да го лажам народот и да кажам дека е се наше и дека ние ќе се правиме херои. Тоа не го поднесувам, бидејќи тие лесни решенија водат до амбис. Јас на народот му велам – не е се наше, но не е ниту се нивно – изјави Вучиќ за Пинк.

Тој рекол дека задача на Србија е да се најде компромис со Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот