Вучиќ за извештајот на ЕК: Има работи што тие ги критикуваат, а јас сум горд на нив

Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска оцени дека политичкиот дел од извештајот на Европската комисија (ЕК) за напредокот на Србија содржи оправдани забелешки, но и политички произволности.

– Има работи што тие ги критикуваат, а јас сум горд на нив, кажа Вучиќ и повтори дека ја презема целосната одговорност за сите такви забелешки, чија суштина е јакнење на одбранбената моќ на земјата.

– Можеме да исправиме многу работи и да направиме подобро. Постојат забелешки во рамките на владеењето на правото, кои стојат и се разбира дека се точни и каде треба да направиме големи чекори напред, изјави Вучиќ.

Тој, исто така, кажа дека нема лаги и произволности во делот на извештајот за економијата, каде што се наведува дека Србија има силен раст, повисок од другите земји, бидејќи во економијата се работи за конкретни бројки, за разлика од другиот дел. Што се однесува до политичките произволности, Вучиќ кажа да го разбрал проблемот и „ја прифаќа таа вина“.

–  Јас сум виновен и за „Панцир“ и за кинеските беспилотни летала, ќе бидам виновени и за турските беспилотни летала што ќе ги набавиме и ќе бидам виновен за сè, изјави Вучиќ.

Тој оцени дека Србија ја засилила својата армија и успеала да спаси животи на луѓето од коронавирусот.

– Што се однесува до суштината на она што тие го критикуваа во политичка смисла, јас прифаќам дека имаме добри односи со Русија и Кина, но јас со тоа се фалам, исто како што пред Русите и пред Кинезите се фалам за добрите односи со ЕУ, како и за големите инвестиции од Германија. Позицијата на оваа земја не е да биде јастреб во рамките на еден блок. Ние сме воено неутрални и позицијата на оваа земја е да биде отворена за секого. Таа е на крстопат и треба да ги привлекува сите, а не да биде непријател со кој било, кажа Вучиќ и порача дека тоа е позицијата и политиката на Србија.

На прашање на новинарите за коментар на барањата на опозицијата, чии претставници вчера се сретнаа со еврокомесарот за проширување Оливер Верхеји, Вучиќ кажа дека секој има право да бара што сака и дека тој барал инвестиции за да ги вработи граѓани и да гради патишта.

– Тие бараат, да не се вработат граѓаните, за да дојдат на власт без избори, истакна Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот